Државата преку субвенциите ќе се компензира со земјоделците

Bez autora
Apr 29 2010

Земјоделците кои имаат одреден долг кон државата по основ на неплатени концесии за користење на државно земјоделско земјиште или пак го имаат земено под закуп и редовно не ги подмируваат обврските, имаат можност во иднина долгот да го пребијат преку средствата на субвенцииите што им следуваат за оваа година. Ова се дел од измените на Програмата за финансиска подршка во земјоделството, што како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, ја усвоила Владата на завчерашната седница. Според министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, со измените се овозможува компензирање на обврските на земјоделците кон државата и по основ на користење на земјоделска механизација преку јапонската помош. Тоа значи дека ќе се состави договор помеѓу земјоделецот којшто има обврски кон државата, надлежното министерство и платежната агенција, со која се договара обврските да бидат компензирани со средства од субвенциите.

Државата преку субвенциите ќе се компензира со земјоделцитеЗемјоделците кои имаат одреден долг кон државата по основ на неплатени концесии за користење на државно земјоделско земјиште или пак го имаат земено под закуп и редовно не ги подмируваат обврските, имаат можност во иднина долгот да го пребијат преку средствата на субвенцииите што им следуваат за оваа година.

Ова се дел од измените на Програмата за финансиска подршка во земјоделството, што како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, ја усвоила Владата на завчерашната седница. Според министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, со измените се овозможува компензирање на обврските на земјоделците кон државата и по основ на користење на земјоделска механизација преку јапонската помош.

- Тоа значи дека ќе се состави договор помеѓу земјоделецот којшто има обврски кон државата, надлежното министерство и платежната агенција, со која се договара обврските да бидат компензирани со средства од субвенциите - изјави Димовски додавајќи дека оваа мерка е усвоена на барање на сите земјоделски организации во државата.

Димовски оцени дека на овој начин се олеснува наплатата на обврските на земјоделците, а воедно и се пополнува фондот за доделување на земјоделска механизација. Димовски очекува дека со најновите измени на земјоделците значително ќе им се олесни начинот за поднесување на апликациите за субвенции, бидејќи ќе немаат потреба да приложуваат имотен лист.

- Земјоделците при аплицирањето нема да има потреба да одат во Катастарот за да обезбедат имотен лист со којшто ќе се потврди правото на користење на некоја земјоделска површина - изјави Димовски.

Тој појасни дека подрачните единици на Министерството по службена должност ќе имаат обврска на секој апликант да му обезбедат имотен лист од Агенцијата за катастар.

Одговарајќи на новинарски прашања дали во земјава е на повидок млечна криза, Димовски негира дека до тоа ќе дојде и најави дека наредната недела ќе ги седне на иста маса млекопроизводителите и млекопрерабоувачите.

- Во текот на следната недела ќе се потрудиме да обезбедиме заеднички состанок помеѓу двете страни, на којшто ќе ги согледаме сите елементи за можноста од евентуална млечна криза, иако лично сум убеден дека до млечна криза нема да дојде - рече Димовски.

Тој изрази надеж дека на состанокот ќе се изнајде соодветно решение со кое и двете страни ќе бидат задоволни. Димовски информираше дека откупот на млеко со одредени потешкотии функционира редовно додавајќи дека само Битолската млекарница дневно откупува најмалку 120 тони млеко.

Од Министерството за земјоделие негираат дека дошло до намалување на сточниот фонд во Македонија. Според нив бројот на грла во Македонија на крајот на 2009 изнесувал над 256.490 говеда, додека деновиве тој достигнал 264.432 грла говеда.

Димовски посочи дека во винарските визби има големи количества залихи на вино за кои што поскоро треба да се обезбеди пласман.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik